СОЛУН - ВОДЕН - ЛУТРАКИ







Состанок на групата на Дрводекор спроти хотелот Холидеј Ин во 04.30 часот. Поаѓање за Грција во 05.00 часот. Пристигнување во Солун во раните утрински часови, околу 11 часот. Индивидуална прошетка и разгледување на градот: Белата Кула, плоштадот Аристотел, Саемот, Егнатиа, црквата Св. Димитрија, Ротондата .... Околу 14 часот заминување во посета на шопинг центрите Икеа и Космос. Слободно време за шопинг до крајот на работното време. Во вечерните часови поаѓање за Неа Каликратиа. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.
Појадок. По појадокот, напишѕање на хотелот и заминување за Лутраки. Попатна посета на Воден и познатите водопади. Пристигнување во Лутаки околу пладневните часови. Слободно време за прошетка и уживање во познатите бањи со топла вода (од 25 до 38 С) кои се идеални за бањска терапија, има два надворешни базени со топла вода кои може да ги користат сите посетители. (задолжително да се носат костими за капење). Во вечерните часови поаѓање за Скопје. Попатна посета на фришопот на Евзони. Пристигнување во Скопје околу полноќ.
- автобуски превоз со високо -туристички автобус;
- сместување во хотел 3*** на база полупансион;
- користење на спа центарот во Сикрет Парадајз Хотел анд Спа 4****;
- посета според програмата на Солун, Воден и Лутраки;
- посета на шопинг центрите Икеа и Космос;
- патничко осигурување;
- организација и водство на патуваwето.
- влезници објектите од културно - историски и забавен карактер;
- За реализација на аранжманот потребно е минимум од 30 патници по автобус;
- За ноќевање со појадок се одбива 200,00 ден.
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А. Ројал Стар Травел и АТАМ.