Италија: Верона - Гарда - Милано - Венеција - Трст
Верона - Гарда - Милано - Венеција - Трст
5 дена / 2 ноќевања










Состанок на групата во 14.00 часот. Поаѓање за Италија во 14.30 часот. Патот води преку Србија, Хрватска . Ноќно возење со попатни одмори.
Пристигнување во Италија во утринските часови. Посета на познатиот Оутлет шопинг центар Палманова. Патот продолжува кон Верона. Разгледување на градот : Резиденцијата Капулети, куќата на Јулија, плоштадот Деи Сигнори, споменикот на Данте Алигиери, плоштадите Бра и Ербе...Слободно време за индивидуални прошетки. Заминување за Гарда. Сместување во хотел. Вечера. По вечерата, можност за факултативна посета на дискотека. Ноќевање.
Појадок. По појадокот заминување за Милано. Пристигнување во претпладневните часови. Разглед на градот: Замокот Сфорцеско, Катедралата Дуомо, Галеријата Виторио Емауеле, Миланската скала.... Можност за факултативна посета на стадионот Џузепе Меаца/Сан Сиро (тура со посета на музеите на ФК Интер и ФК Милан, соблекувалните, трибините и фудбалскиот терен ). На враќање во хотелот, факултативна можност за посета на живописниот град Сирмионе, кој на необично формираниот полуостров длабоко навлегува во езерото, Лаго ди Гарда, познат по старата тврдина Сцалигера, тесните улици, преубави мали куќи и типични населби со комплетна содржина. Вечера. Ноќевање.
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминувањеза Венеција. Патот води преку Лидо ди Јесоло, познато туристичко место во Италија. Од Пунта Сабиони ,со бротче ( вапорето ) се патува за Венеција. Разгледување на градот: Каналот Гранде, мостот Риалто, плоштадот и црквата Свети Марко, Дуждевата Палата, Кулата, Прокуратите, Мостот на воздишките... Слободно време за индивидуални прошетки и разгледувања. Враќање со бротче до Пунта Сабиони. Патувањето продолжува кон Трст. Кратка посета на градот: пристаништето, плоштадот Пиазза Унита д'Италиа …Во вечерните часови заминување за Скопје. Ноќно возење преку Хрватска и Србија.
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.
(со вклучени полупансиони, 18% ДДВ и останати јавни давачки)
- автобуски превоз со туристички автобус на лицензирани превозници,опремени со клима уред и аудио - визуелни средства;
- сместување во Гарда во хотел 3***, 2 (две) ноќевања, на база полупансион (појадок и вечера);
- разглед на Верона, Милано, Венеција, Трст според програмата;
- превоз со бротче на релација Пунта Сабиони - Венеција - Пунта Сабиони;
- посета на Палманова во близина на Трст;
- медицинско лице за време на патувањето;
- патничко осигурување;
- организирани трансфери со автобус хотел - центар на град - хотел;
- лицензиран придружник за време на патувањето во секој автобус;
- професионална организација и водство на патувањето.
- влезници од културно - историски и забавен карактер
- други неспомнати услуги.
- За реализација на аранжманот потребно е минимум од 45 патници по автобус;
- За обезбедување од евентуални штети хотелот може да побара повратен депозит од 20 евра;
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А. Ројал Стар Травел и АТАМ.
ПЛАЌАЊЕ ВО ГОТОВО ИЛИ НА 3 И ПОВЕЌЕ РАТИ СО ВИЗА И МАСТЕР ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ